Низ годините ги пријавувале проблемите и во општината но тоа ништо не сменило. Од инвеститорите – фирмите Боминг Оливер и др и Техно груп добивале одолговлекувања и молк .Се огласија јавно во надеж дека инистутициите ќе реагирааат.
„До денеска секоја недела беше кога ќе биде технички преглед? „Ќе биде“, „Ќе биде“, така е веќе три ипол години. Не може ако јас како соинвеститор сум ви го предал имотот да заработите. Ако чесните луѓе си ги платиле становите, а инвеститорот бега од одговорност и не сака да ги изврши работите постои можност дека некој го заштитува“, рече Ристо Магдинчев, сопственик на дел од земјиштето и станар.
Од општина Кисела Вода велат дека одобрението за градба било издадено согласно законите, а на 29 април годинава инвеститорите поднеле барање за измени во тек на градба и оваа постапка е во тек. Во одговорот за Телма напишале дека општината нема законска надлежност да врши увид, ниту да посредува во приватно-правните договори кои граѓаните ги склучуваат со инвеститорот или изведувачот.
Одлуката на граѓаните да извршат примопредавање и да се вселат во објект кој сè уште не поминал низ законската процедура за технички прием и за кој не се обезбедени имотни листови, произлегува исклучиво од нивните меѓусебни договори со инвеститорот, велат општинските власти
„Во конкретниов случај, за да се спроведе техничкиот прием, инвеститорите мора прво да добијат одобрение за измени во тек на градењето, за потоа да можат да го достават завршниот извештај и геодетскиот елаборат, со што Општината преку Агенцијата за катастар на недвижности би го впишала објектот во катастарската евиденција“, велат од Општина Кисела Вода
Телма стапи во контакт и со еден од инвеститорите кој рече дека за сега не сака да коментира, а контактот за другиот оставен на Бизнис мрежа не функционира. Според официјалните објавени податоци двете фирми имаат долг кон УЈП и блокирана сметка.
Елена Ивановска Муковска













