Вака изгледа зградата на Иван Козарoв број 6 во Кисела вода по пожарот од пред три дена кој избил во дворот зад објектот. Тоа ја зголемило загриженоста на станарите за сопствената безбезбедност затоа што и по три и пол години од крајниот рок се уште не е извршен технички прием на зградата. Во објектот нема хидранти, а пожарникарите за да го изгаснат огнот, оделе преку дворот од сооседната зграда затоа што наместо пристап кон задниот двор бил изграден стан, објаснија пред камерата на Телма.
„Граѓаните што купија стан со дозвола од инвеститирот се вселија. Проблемот е што не можеме да ангажираме фирма за одржување, зградата е прлјава, сами си чистиме, немаме хидранти паркингот доле не е оспособен, требаше друга влезна врата да биде ставена не обична. Се обраќавме до институции каде е проблемот но не добивме одговор зошто се уште немаме технички прием. Немаме имотни листови. Последно чашата се прели со пожарот“, тонски Александра Магдинчева, станарка
Без технички преглед и имотен лист станарите не можат да располагаат со своите станови а секојдневно се соочуваат со повеќе предизвици . Велат и многу од договореното со инвеститорите не било исполнето па дел од правата ги бараат и преку суд













