Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Три години издавал лажни решенија за приватизација на земјиште на кои ставал и службен печат – пријавен советник од Управата за имотно правни работи во Струга

/

Македонија

Сподели преку :

Вработен во Министерството за финансии – Управа за имотно правни работи во Струга, три години изработувал лажни решенија за приватизација на земјиште на други лица без претходно да обезбеди мислење од надлежна институција. Тој како советник ја злоупотребувал службената положба, ставал службен печат на решенијата и ги испраќал до Катастар.

Полицијата  поднесе пријава против 61 годишниот стружанец за „злоупотреба на службена положба и овластување“, „несовесно работење во службата“ и „фалсификување службена исправа“. Но во пријавата не е наведено колку вакви решенија потпишал советникот.

„Пријавениот, вработен во Министерството за финансии – Управа за имотно правни работи Струга, како советник и овластен потписник на акти, злоупотребувајќи ја својата положба и овластување, во текот на 2022, 2023 и 2024 година изработувал лажни решенија за приватизација на земјиште на други лица, самоволно им втиснувал службен печат за правосилност и ги испраќал до Одделението за катастар на недвижности Струга, но претходно не ги испраќал до надлежна институција за мислење“, соопштуваат од МВР.

 

Jumbo 2