Врз основа на преброени 89,45 отсто од гласовите за Парламентот на Федерацијата Босна и Херцеговина, Партија за демократска акција (СДА) обезбеди најголем број гласови, освојувајќи над 30 отсто.
На второто место е Социјалдемократската партија на БиХ (СДП), која ја доби довербата на 105.959 гласачи, односно 15,27%.
Третата позиција ја зазема коалицијата предводена од ХДЗ БиХ (HDZ BiH, HSS SR, HSP BiH, HKDU, HSP AS, HDU, HSP HB, HRAST), која забележа 96.380 гласови, или 13,89%.
Одличен резултат постигна и Партијата за Босна и Херцеговина (СБиХ), заземајќи го четвртото место со 62.270 гласови (8,97%).
Според прелиминарните резултати на Централната изборна комисија на БиХ за општите избори во 2026 година, Жељка Цвијановиќ води во трката за српски член на Претседателството на БиХ, која освоила 55,6 отсто од гласовите. Денис Беќировиќ, кандидатот на коалицијата „Обединети за државата Босна и Херцеговина“, освои 38,03 отсто од гласовите, а Даријана Филиповиќ води во трката за хрватски член на Претседателството на БиХ.
Врз основа на обработени податоци од 80 отсто од избирачките места, Филиповиќ – кандидатката на ХДЗ БиХ – освоила 48,19 отсто од гласовите, односно 92.854 гласа.
Ова се прелиминарни резултати од Централната изборна комисија на БиХ, објавува Kix.ba.
Гласачите избираат тројца членови на мултиетничкото претседателство на земјата, пратеници за државниот парламент и раководители на институциите во двата ентитета на земјата: Федерацијата Босна и Херцеговина (каде што мнозинството се муслимани) и Република Српска (во која доминираат етничките Срби).
Милорад Додик прогласи победа на сите нивоа
Претседателот на СНСД, Милорад Додик, се обрати до јавноста по објавувањето на првите прелиминарни резултати од Општите избори, кои денеска се одржаа низ Босна и Херцеговина. Тој ја прогласи победата на оваа партија на сите нивоа.
- „Прогласувам победа на сите нивоа. Ви благодарам на сите. Ова е резултат сличен на оној пред 20 години“, рече Додик.
Тој го препиша успехот на СНСД делумно на политичката атмосфера во САД.
- „Сакам да им се заблагодарам на сите наши пријатели. Јас ќе го кажам и следново да не беше велинчествената победа на Доналд Трамп и да не ја тргнеше она омразена структура на Бајден, верувам дека ние денеска ќе бевме политички мртовци, но благодарение на новиот амбиент сега сме политички победници и имаме намера тоа да го верифицираме заблагодарувајќи му се секако и на претседателот Путин кој не прими и ни посака успех на изборите што за нас беше важно“, рече тој.
Додик исто така додаде: „Многу ми е драго што победивме, вака расипавме се“.
Кандидатот на СНСД Жељка Цвијановиќ води во изборната трка за член на Претседателството на БиХ со 55,34 отсто гласови наспроти Маринко Божовиќ (СДС) кој има 26,59 отсто гласови и Небојша Вукановиќ со 18,5 отсто.
СНСД води во Народното собрание на Република Српска
Откако се преброени близу 87 отсто од гласачките ливчиња за Народното собрание на Република Српска, политичката слика во овој ентитет е речиси целосно јасна. СНСД има најмногу причини за славење, додека „Коалицијата за државата“ во моментов води жестока битка, но останува под изборниот праг.
Според последните прелиминарни резултати, Алијансата на независни социјалдемократи (СНСД – Милорад Додик) оствари убедлива победа. Оваа партија освоила дури 38,93 отсто од гласовите, односно довербата на 182.749 гласачи, со што ја задржала позицијата на апсолутна најсилна политичка опција во РС.
На второ место се најде листата „Драшко Станивуковиќ – Движење на безбедно Српска“, која забележа резултат од 14,19 отсто (66.597 гласови). По неа следи Српската демократска партија (СДС – Волја на народот) со 12,27 отсто (57.581 глас).
СДА моментално е водечка партија во трката за Собранието на Кантонот Сараево
Според прелиминарните изборни резултати, Партијата за демократска акција (СДА) моментално е водечка партија во трката за Собранието на Кантонот Сараево. Врз основа на тековните проекции за распределба на 35-те пратенички места, СДА би освоила девет мандати.
СДА освои 36.770 гласови, односно 23,82 отсто. СДП е на второто место со 33.537 гласови (21,72 отсто), додека Партијата за Босна и Херцеговина (СБиХ) освои 29.647 гласови (19,20 отсто). Тековните проекции покажуваат дека и СДП и СБиХ би освоиле по осум пратенички места.
Партијата „Народ и правда“ (НиП) е четврта со 21.499 гласови (13,92 отсто), што би ѝ донело пет пратенички места. „Наша странка“, со 10.555 гласови (6,83 отсто), моментално е на пат да освои три пратенички места.

Изборните места за општите избори во Босна и Херцеговина во 2026 година се затворија вечерва во 19:00 часот, со што заврши гласањето за новиот состав на државните, ентитетските и кантоналните институции. По изборниот ден, кој беше проследен со проблеми со новите технологии за гласање, пријавени неправилности и помала излезност на гласачите во споредба со претходниот… Продолжи со читање
За речиси 10 отсто помала во споредба со 2022 година
Според податоците на Централната изборна комисија на Босна и Херцеговина, на сите избирачки места се евидентирани вкупно 1.414.007 гласачи (41,48 отсто). Излезноста на гласачите оваа година е за речиси 10 отсто помала во споредба со 2022 година.
Вкупниот број на регистрирани гласачи наведен во податоците изнесува 3.408.517, а вкупната излезност врз основа на евиденцијата на гласачите изнесуваше 41,48 отсто. Како што посочи Комисијата, сè уште не се затворени сите избирачки места во земјата, бидејќи некои од нив беа отворени со задоцнување.
На општите избори одржани во Босна и Херцеговина на 2 октомври 2022 година, вкупната излезност на гласачите изнесуваше 51,45 отсто. Тогаш на гласање излегоа 1.733.206 регистрирани гласачи (од вкупно 3.368.666 запишани во Централниот избирачки список).
Падот на излезноста од 10 отсто во споредба со претходниот изборен циклус е значаен; причините за вака ниското учество може да станат појасни откако ќе бидат познати резултатите од гласањето. Иако мотивацијата на граѓаните е примарен фактор што влијае на излезноста, воведувањето изборна технологија за првпат оваа година можеби придонело и за елиминирање на сомнителните гласови и случаите на изборна измама.
Излезноста на редовните избирачки места денес изнесуваше 42,79 отсто. Евидентирани беа 1.412.708 гласачи од вкупно 3.301.561 регистриран гласач.
На избирачките места за гласање надвор од местото на живеење (т.н. гласање во отсуство), евидентирани беа 1.299 гласачи од 5.476 регистрирани, односно 23,72 отсто. За избирачките места за лично гласање беше регистрирана излезност од 0,00 отсто, односно 0 од 554 регистрирани гласачи.

Босна и Херцеговина денес гласа на избори од кои граѓаните очекуваат промени. Но, изборниот ден со проблеми. Новата технологија за биометриска идентификација и скенирање на гласачките ливчиња првпат е дел од процесот, а на повеќе избирачки места имаше застои и доцнење со отворањето. Во земја со длабоки политички поделби, економски проблеми и масовно иселување, граѓаните… Продолжи со читање












