Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Почина Доли Партон, во нејзина чест знамињата во САД се спуштени на половина копје

/

Свет

Сподели преку :

На 80-годишна возраст, почина Доли Партон, иконата на кантри-музиката чии вокали, трогателни стихови и впечатливи костими го одбележаа нејзиниот пат од сиромашното детство во планините на Тенеси до самиот врв на успехот и славата.

Напиша стотици песни, меѓу кои класиците „Jolene“, „Coat of Many Colors“ и „I Will Always Love You“, а продаде повеќе од 100 милиони плочи ширум светот, напиша над 3.000 композиции, освои 10 награди „Греми“ и оствари повеќе од една милијарда онлајн стримови во кариерата што траеше седум децении.

Позната по облините, огромните руси перики и тесните костими, кои беа дел од нејзиниот самопотценувачки хумор, Партон беше една од најомилените личности во светот на музиката и пошироко. Таа беше ретка јавна личност чија популарност ги надминуваше генерациите, географските граници и политичките поделби.

Доли Партон се соочуваше со постојани здравствени проблеми пред нејзината смрт на 80-годишна возраст.

„Иконата на кантри музиката почина на 25 август 2026 година“ објави нејзиниот внук преку видео на Инстаграм.

Веста дојде само неколку месеци откако Доли го откажа својот престој во Лас Вегас за да се опорави од разни заболувања, иако ги увери обожавателите дека сè е „излечиво“ во тоа време. Причината за нејзината смрт засега не е потврдена.

Инаку, Партон беше и голем филантроп и успешна бизнисменка. Меѓу нејзините деловни проекти беше и забавниот парк во подножјето на планините Смоки, во близина на нејзиното родно место.

Таа ја основа и непрофитната образовна организација „Imagination Library“, испраќајќи им бесплатни книги на деца во Тенеси, инспирирана од нејзиниот татко, кој го напуштил училиштето за да работи на фарма и со големи тешкотии се обидувал да научи да чита.

Нејзиниот прв соло-сингл што се искачи на првото место на топ-листите беше „Joshua“, а во Топ 5 стигна со баладата „Coat of Many Colors“, за тоа како нејзината мајка со парчиња ткаенина соши палто за Партон, кое таа гордо го носела иако ја исмевале поради сиромаштијата. Во 1973 година го објави хитот што ја лансираше нејзината кариера – „Jolene“, кој стана стандард во кантри-музиката. Песната се искачи на врвот на кантри-топ-листите, а потоа премина и во поп-музиката и беше објавена на меѓународно ниво, со што на Партон ѝ донесе нова публика.

Трамп: Поради смртта на Доли Партон, знамињата во САД една недела на половина копје

Во чест на смртта на Партон, американскиот претседател, Доналд Трамп изјави дека знамињата во САД ќе бидат спуштени на половина копје во текот една недела.

„Многу ми е жал што морам да ве известам дека Доли Партон, една од најголемите кантри пејачки – и далеку повеќе од тоа – било кога, штотуку почина. Ова е вистинска загуба за милиони луѓе. Никогаш немало никој како неа, ниту некогаш ќе има. Во нејзина чест, наредувам спуштање на американското знаме ширум Соединетите Држави на период од една недела, почнувајќи од 18:00 часот. Почивај во мир, Доли! Светот те сака“, наведе Трамп во објава на својата платформа „Трут соушл“ (Truth Social).

Доли Партон освои 11 „Греми“ награди, вклучувајќи ја и наградата за животно дело.