Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(фото)Пет загинати, еден исчезнат – поројните дождови близу Токио оставија заглавени илјадните луѓе

/

Свет

Сподели преку :

Рекордните врнежи од дожд што ги погодија јапонските градови источно од Токио поплавија патишта и десетици домови, блокираа илјадници луѓе, а предизвикаа и прекини во електричната енергија.

Според последните информации најмалку пет луѓе загинаа, а едно лице се води како исчезнато.

Јапонската метеоролошка агенција го намали претходни издаденото предупредување за обилни дождови во повеќе од десетина општини во префектурата Чиба, откако дождот стивна денеска наутро.

На снимките и фотографиите се гледаат домови, автомобили и делови од железнички пруги целосно прекриени со каллива вода.

Копнените сили за самоодбрана соопштија дека испратиле автобуси за да згрижат 4.000 блокирани луѓе кои останале преку ноќ на железничката станица Сога, близу Токио.

Илјадници луѓе кои беа заглавени преку ноќ на аеродромот Нарита што го опслужува регионот на Токио постепено заминаа, бидејќи железничкиот сообраќај делумно се обнови во денеска наутро.

Летовите во и од Нарита се нормализираа денеска, па многу луѓе се вратија дома на крајот од јапонската будистичка празнична недела Бон.

Стотици луѓе се засолниле преку ноќ во зградата на владата на префектурата Чиба.

Повеќе од 170 домови беа поплавени во префектурата, а повеќе од 300 луѓе се засолнуваа во јавни објекти до петок попладне, соопштија официјални лица од Чиба.

Поројните дождови и поплавите, исто така, оставија без струја околу 18.000 домови.