Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Фити: Претераното задолжување не коинцидира со извозната способност на македонската економија

/

Економија

Сподели преку :

Академик Таки Фити не се согласува со констатацијата на дел од економските аналитичари кои јавниот долг го оценуваат како умерен,  бидејќи како што нагласува, 60% јавен долг како учество во брутодомашниот производ за мала земја како што е Република Македонија е многу.

Тој смета дека задолжувањето треба да биде поумерено и тоа за проекти кои се продуктивни.

„Претераното задолжување не коинцидира со извозната способност на македонската економија. Вие морате да имате силен извоз за да нормално ги сервисирате, за да ги враќате долговите. Иако извозот е прилично зголемен во последните години благодарение на странските директни инвестиции во зоните сепак тој не е доволен за да можеме да бидеме комотни во таа смисла. Многу е важно, суштински е значајно да се задолжуваме поумерено и да се задолжуваме за продуктивни проекти. Тие можат да креираат во иднина економски раст и развој и да создаваат услови за нормално враќање на долговите“, изјави академик Таки Фити.