Турканици, паника, звук како да пука нешто и неподнослива жештина. Млад Кочаначанец кој ја преживеал кобната ноќ во „Пулс“ сведочеше на судењето за 13 полицајци и началници и раскажуваше дека полицаец одбил да му помогне. Ставил дуксер на глава, бил притиснат од ѕид од гипс картон кој се урнал. а откако се ослободил се заглавил и на надворешната врата но некој го извлекол за рака. Раскажа и дека полицаец одбил да му помогне.
„Излегов надвор по што го префрлив другар ми до болница и се вратив назад во Пулс. Имаше многу народ и лежеа, јас бев збунет и не знаев што да правам. Потоа дојдоа и пожарникари да гаснат. Јас и мојот другар Бојан влеговме внатре во тоалетот. Таму беше другарот Давид. Едвај дишеше. Надвор имаше полицаец, не знам кој беше го прашав дали може да ми помогне. Ми кажа тоа не е негова работа. Имаше и други деца, помагавме, ги качувавме во кола повредените и ги носевме. Некои беа свесни некои беа во безсознание“, рече сведокот Николче Ефремов.
Тој кажа дека од другарите разбрал дека полицаец имало и пред да избувне пожарот стоел мегу двете врати најверојатно не бил во униформа и слушнал дека е во контрола.
И сведокот студентка која раскажа дека ја спасиле пожарникари имала контакт со полицаец.
„Кога излегов надвор почнав да го барам татко ми и да викам. Викав силно и хистерично. Кога продолжив да викам, еден од униформираните лица ми рече ако продолжам да викам дека ќе бидам приведена“ , рече Тијана Коцева – сведок
Поресно сведочење имаше и средношколка која вечерта била со друштво мегу кои нејзиниот брат и момчето . Раскажуваше како ја изгубила свеста како снемувала воздух како била затрупана и како се спасила. И таа забележала полицаец кој стоел во ходиникот а потоа од ДНК рекле „да ги поздравиме полицајците“.
Родителите кои ги загубија своите деца во пожарот велат не смее да остане незабележано сведочењето според кое полицаец одбил да помогне кога лугето се бореле за живот
„Ако ова е потврдено преку доказна постапка, тогаш станува збор за постапување кое мора сериозно да се разгледа. Во тие моменти, МВР немало време за изговори и префрлување одговорност. Имало повредени луѓе кои се бореле за живот“, рече Александар Наунов.
Судењето формално почна од почеток поради промена на двајца судии поротници но откако сите остнааа на досега кажаното продолжи во фазата со сведоци. 13 и- мината полицајци се обвинети за тешки дела против општата сигурност. Овој предмет е поврзан со кобната ноќ во Пулс во која животот го загубија 63 луѓе а над 200 беа повредени
Елена Муковска













