Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Дизелот поскапува за 5 денари, а бензините поевтинуваат за 1,5 денари – цената на горивата на дневен ред на утрешната владина седница

/

Македонија

Сподели преку :

Дизелот поскапува за пет и пол денари а бензините од полноќ ќе се продаваат за еден и пол денар поевтино. Ова се новите цени на дериватите кои ќе стапат на сила од полноќ. Дизелот ќе чини 104,5 денари додека цената на безоловниот 95 октански ќе биде 99 денари. 98 октанскиот бензин ќе се продава по цена од 101 денар. За пет денари поскапува и екртра лесното гориво и сега ќе се продава по цена од 114,5 денари.

За справување со ценовниот шок и посакувањата на дериватите Владата има една активна мерка а тоа е намалување на ДДВ-то од 18 на 10 %. Минатата недела не се разговарало за воведување на нови мерки ниту пак е контактирана ОКТА за евентуален попуст како што имаше извесен период. Се очекува на утрешната владина седница цените на дериватите да бидат една од точките на дневен ред.

„Го намаливме ДДВ-то на 10 проценти. Дискутираме, гледаме и ќе се консултираме на ниво на Влада. Влада имаме во вторник, ќе видиме како понатаму. Ќе мора да разгледаме кои се и фискалните импликации врз буџетот. Како што знаете, може да има и други намалувања. Тоа постои како мерка, Министерството за финансии ги прави фискалните мерки и ги донесува заедно на Влада. Не сме почнале, меѓутоа ако ситуацијата ескалира и понатаму, ќе ги преземеме сите мерки за да го ублажиме ризикот кон граѓаните“, рече Сања Божиновска, министерка за енергетика

Цените на нафтата паднаа на најниско ниво во последните десетина дена по зголемените надежи дека дипломатските напори во рамките на Генералното собрание на ОН би можеле да отворат пат кон деескалација на војната со Иран и од делумното обновување на испораките на саудиска нафта низ Ормутскиот Теснец чиј дневен просек изнесува и до 2,9 милиони барели наспроти 700.000 барели колку што дневно беше протокот во август. Фјучерсите на нафтата „брент“ поевтинија за 2,16 долари, односно 2,08 отсто, на 101,71 долар за барел, додека американската нафта ВТИ поевтини за 2,15 долари, или 2,14 отсто, на 98,15 долари за барел.

Огнен Чанчаревиќ

Jumbo 2