Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Деветмина повредени во сообраќајна несреќа кај Битола

/

Uncategorized

Сподели преку :

Девет лица се повредени во сообраќајна несреќа  што се случи утрово пред 9 часот, на само неколку километри од Битола, на магистралниот пат кон Прилеп. Нема жртви во овој верижен судир во кој учествувале четири возила.

Патот беше затворен до 12 часот, а сообраќајот пренасочен  по стариот пат Битола–Прилеп.  На местото на несреќата интервенираа повеќе екипи на Итната медицинска помо  и битолките пожарникари кои ги извлекуваа повредените од возилата.

Во Клиничката болница Битола беа пренесени сите девет повредени лица. Кај двајца, од кои едниот е странски државјанин, беа извршени хируршки интервенции.

Вкупно шестмина се хоспитализирани, а тројца се пуштени на домашно лекување. Сите се во стабилна состојба

„Кај сите повредени пациенти континуирано се следи здравствената состојба, а во готовност се и дополнителни медицински екипи, кои ќе бидат повикани доколку тоа го наложи состојбата на повредените“, изјави директорката на Клиничката болница Битола, д-р Ненси Лозанче. 

На местото на несреќата увид извршија полициски екипи и јавен обвинител кој издаде повеќе наредби и насоки за целосно испитување на причините и околностите под кои се случила сообраќајната несреќа.

Емилија Мисирливска