Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Четворица загинати при урнување на хеликоптер на ЕУФОР во Босна и Херцеговина

/

Uncategorized

Сподели преку :

Четворица припадници на ЕУФОР загинале, а 11 се повредени при пад на италијански воен хеликоптер од типот CH-47 „Чинук“ во близина на Брчко, во североисточниот дел на Босна и Херцеговина. Несреќата се случила во четвртокот, 29 октомври, за време на рутинска обука, соопштија од мировната мисија на Европската Унија.

Според официјалните информации на ЕУФОР, повредените се во стабилна состојба и добиваат медицинска помош. По падот, на местото веднаш пристигнале итните служби на Босна и Херцеговина, полициски екипи, пожарникари и припадници на ЕУФОР.

Несреќата се случила во областа Горице, во близина на градот Брчко. Спасувачките екипи ги извлекле лицата од леталото и ги транспортирале до здравствените установи во Брчко.

Од ЕУФОР потврдија дека во несреќата нема повредени цивили и дека не е причинета материјална штета на цивилната инфраструктура, имот или возила.

Причините за падот засега не се познати. ЕУФОР започнал темелна истрага за утврдување на околностите под кои се случила несреќата, а дополнителни информации ќе бидат објавени откако ќе бидат проверени и потврдени.

Мисијата упати апел до јавноста да не шири непроверени информации за идентитетот на загинатите и повредените, како и за причините за несреќата.

ЕУФОР ја спроведува операцијата „Алтеа“ во Босна и Херцеговина од 2004 година, со мандат за поддршка на безбедноста и стабилноста во земјата.