Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Претреси на повеќе од 10 локации во Скопје, Тетово и Куманово – „перење пари“ на штета на пациенти кои се лекувале во прватна болница

/

Македонија

Сподели преку :

Утрово припадници од Одделот за организиран криминал при Бирото за јавна безбедност – МВР се во акција. Во тек се претреси на повеќе од 10 локации во Скопје, Тетово и Куманово.

Под истрага, според првичните информации, се одговорни лица од приватна болница и вработени во Фондот за здравствено осигурување, осомничени за повеќе кривични дела, меѓу кои злоупотреба на службената положба и овластување, несовесно работење во службата, измама и перење пари.

Штетата врз буџетот надминува 1,5 милиони евра, додека противправно стекнатата материјална корист за болницата се проценува на околу 4 милиони евра. Оштетени се и поголем број пациенти кои се лекувале во болницата.

Jumbo 2