Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Албанија ги заострува казните за пијаните возачи и малолетниците – новиот закон предвидува трајно одземање на дозволата и високи казни

/

Свет

Сподели преку :

 Во Албанија стапија во сила новите измени во Законот за сообраќај, со кои се заоструваат мерките против прекршителите, со цел зголемување на безбедноста на патиштата и намалување на несреќите, објави МИА.

„Според законот, овие измени предвидуваат трајно одземање на возачките дозволи за возачите кои се фатени како возат под дејство на алкохол, односно повторно управуваат возило со повеќе од 0,5 промили во крвта, откако претходно биле предупредени или казнети за тоа. Оваа драстична мерка се презема за да се елиминираат хроничните алкохоличари од патот, кои се сметаат за најопасни возачи“, објавија медиумите, а пренесе МИА..

Малолетниците фатени како возат без возачка дозвола ќе имаат право да се запишат во автошкола само откако ќе наполнат 20 години.  Изменетиот законик, исто така, наметнува ограничувања за младите возачи, кои не можат да возат на автопат со брзина над 90 километри на час.

Прекршувањето на ова ограничување се казнува со парична казна од 5.000 (54 евра) до 15.000 леки, одземање на возачката дозвола за еден месец и одземање на бодови. Забрана за ноќно возење е воведена за лица до 21 година

Друга новина е што одземањето на дозволата веќе не може да се замени со плаќање двојна казна.

Заострени се и казнени мерки за пребрзо возење во населени места, во близина на училишта, а на возачите кои двапати во рок од една година ќе бидат затекнати како користат мобилен телефон додека возат, ќе им биде одземена возачката дозвола три месеци.