Вести Свет

Литванија прогласи вонредна состојба, Естонија ветува помош за Украина

Литванскиот претседател Гитанас Науседа прогласи вонредна состојба во земјата, пренесува Ројтерс, и соопшти дека ја распоредува армијата на границите како одговор на можни нарушувања и провокации поради големата концентрација на воени сили во Русија и Белорусија.

Од друга страна, премиерката на Естонија, Каја Калас, земја која исто така граничи со Русија, изјави дека ќе ѝ помогнат на Украина на секој можен начин, вклучувајќи политичка поддршка и вооружување на украинската армија.

Калас порача дека ЕУ и НАТО мораат да направат се што треба за да спречат проширување на агресијата. Калас исто така оцени дека за сега не постои закана за естонските граници и ги советуваше Естонците да ја задржат смиреноста.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Рашче под притисок, дивите приклучоци го уништуваат капацитетот

Дејан Дејан

Разговори за можно примирје во Појасот Газа во Белата куќа- Нетанјаху на вечера кај Трамп

Дејан Дејан

Продолжуваат спасувачките напори во Тексас – над 100 загинати

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе