Вести Свет

Половина од Русите ја поддржуваат употребата на воена сила за да се спречи Украина да влезе во НАТО, покажува анкета на Си-Ен-Ен

Двојно повеќе Руси сметаат дека Москва би имала право да употреби воена сила за да го спречи Киев да се приклучи кон НАТО, отколку дека тоа би било погрешно, покажуваат резултатите од анкетата на Си-Ен-Ен во Русија и Украина.

Секој втор Русин (50 отсто) смета дека тоа би било правилно, додека само една четвртина (25 отсто) велат дека тоа би било погрешно.

Сепак, анкетата исто така покажува дека повеќето Руси сметаат дека би било погрешно да се користи воена сила „за обединување на Русија и Украина“ – две земји со долга и комплицирана историја на односи.

Анкетата покажува дека 43 отсто од Русите веруваат дека употребата на воена сила против Украина со цел приклучување кон Русија би било погрешно. Во исто време, 36 отсто од испитаниците веруваат дека тоа би било правилно. Другите испитаници одговориле дека не знаат што е правилно.

Од друга страна, повеќето луѓе во Украина не се согласуваат со употребата на сила против нив. Седум од десет испитаници таму велат дека би било погрешно Русија да употреби воена сила за да ја спречи Украина да влезе во НАТО (70 отсто) или да ги обедини двете земји (73 отсто).

Повеќето Украинци го отфрлаат тврдењето на рускиот претседател Владимир Путин во понеделникот дека нивната земја нема историска основа и дека во суштина е креација на Советскиот Сојуз.

Низ целата земја и меѓу сите возрасти, мнозинството Украинци велат дека не се „еден народ“ со Русите и дека двете држави не треба да бидат една целина.

Анкетата, која опфати повеќе од 1.000 луѓе во секоја земја, е спроведена онлајн од 7. до 15 февруари, пред говорот на Путин во понеделникот и признавањето на двете сепаратистички републики во Украина.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Турски суд издаде налог за апсење на Нетанјаху

Kristina Kuzmanovski

Претставничкиот дом на САД гласаше за укинување на летно и зимско сметање на времето

Sonja Petrusevska

СДСМ: Дали Мицкоски и за ослободувањето на Груевски имаше чувство?

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе