Останато Спорт

Преглед на денот на Зимските Олимписки игри во Пекинг

Марко Одермат го освои златниот медал во велеслалом во алпско скијање на Зимските Олимписки игри во Пекинг.

Швајцарецот дојде до своето прво одличје во кариерата на едни Олимписки игри и тоа со вкупно време по двете трки од 2:09,35 минути. Втор беше Словенецот Жан Крањец, кој има 19 стотинки послабо време од победникот, додека на победничкиот пиедестал имаше место и за Французинот Матје Февр.

Александар Болшунов ја предводеше Русија до триумф на штафетата четири пати по 10 километри крос-кантри. Русите покрај Болшунов во тимот ги имаа и Алексеј Червоткин, Денис Спицов и Сергеј Устигов, кои славеа со повеќе од една минута предност пред штафетата на Норвешка, додека бронзата им припадна на Французите.

Марте Олсбу Ројзелан триумфираше на трката на 10 километри потера во биатлон и стигна до своето трето злато на Олимписките игри во Пекинг и вкупно четврти медал, бидејќи има и една бронза на 15 километри индивидуално. Таа финишираше со 1:36 минути предност пред второпласираната Елвира Еберг од Шведска, додека бронзата и припадна на уште една Норвежанка Тирил Екхоф.

Кентан Фијо Маје славеше во биатлон на трката на 12,5 километри потера. Французинот оствари време од 39:07,5 секунди и немаше промашување во стрелање. За него ова е второ злато во Пекинг по трката на 20 километри, а вкупно четври медал. Тајреј Бо од Норвешка го освои среброто, додека бронзен беше Едвард Латипов од Русија.

Штефетата на Холандија во женска конкуренција стигна до златото на 3.000 метри брзо лизгање. Холанѓанките предводени од Сузан Шултинг, Слема Пуцма, Ксандра Велцебоер и Јара ван Керков остварија олимписки рекорд со време од 4:03,409 минути. Втора заврши штафетата на Кореја, која ја бранеше титулата, а бронзата и припадна на селекцијата на Кина.

Шаоанг Лиу го освои златото на 500 метри брзо лизгање на кратки патеки. Унгарецот триумфираше пред Константин Ивлиев од Русија и Стивен Дубуа од Канада. За Лиу ова беше прво златно одличје во кариерата во индивидуална конкуренција, а вкупно четврти олимписки медал.

Ерин Џексон од САД славеше на трката на 500 метри брзо лизгање. До златото стигна со време од 37 секунди и 4 стотинки, пред Јапонката Михо Такаги и Русинката Ангелина Голикова.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тер Штеген ќе застане на голот на Интер?

Дејан Дејан

Манчестер јунајтед го промовираше младиот Диего Леон

Дејан Дејан

Бони потпиша за Интер од Парма за 23 милиони евра

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе