Вести Свет

Жителите на Кентаки без струја и греење по налетот на торнадата чиј трагичен биланс продолжува да се зголемува

Жителите на населените места во Кентаки каде што торнадата убија повеќе десетици луѓе би можеле да бидат без греење, вода или електрична енергија во период на исклучително ниски температури во наредните неколку недели, предупредија денеска властите во оваа сојузна американска држава, додека бројот на жртви во катастрофата продолжува да расте како и опсегот на предизвиканата материјална штета во 5-те држави кои беа на удар на бројните торнада.

Гувернерот на Кентаки, Енди Бешир, изјави дека страотниот опсег на уништување ја отежнува нивната способност да ја проценат материјалната штета од природната катастрофа. Најмалку 88 луѓе, од кои 74 во Кентаки, биле убиени во торнадата кои срамнија со земја дом за нега на стари луѓе во Арканзас, уништија дистрибутивен центар на Амазон во Илинои и предизвикаа смртоносни ефекти во Тенеси и Мисури.

Во Кентаки, повеќе од 26 000 куќи и бизниси се без електрична енергија и греење, меѓу кои се и сите објекти кои го преживеа торнадото во најтешко уништениот град Мејфилд. Повеќе од 10 000 куќи се и без вода. Голем број луѓе се солидаризираат меѓусебно, обидувајќи се да спасат што можат а се повеќе се дознаваат и детали за чудесните начини како некои луѓе успеале да се спасат. Тереза Хендон од Мејфилд, чија куќа била целосно уништена, била спасена заради подарокот од својата ќерка, заради кој не била дома кога се случи катастрофата.

Градот Мејфилд , со околу 10 000 жители, беше најтешко погоден од торнадата, кои се случија во период од годината, кога вообичаено студеното време ја ограничува појавата на овие природни деструктивни сили.

Никола Илиевски

 

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Вучиќ: Брисел треба да ги прими земјите од Западен Балкан заедно

Kristina Kuzmanovski

(Видео) Изгласан ДУП-от за Барутана кој предвидува изградба на 24 хациенди на Водно

Kristina Kuzmanovski

Си реков „ако гинеме, ќе гинеме заедно“ – сопругата на Србинот кој висеше од прозор во авионот на „Рајанер“ над Македонија

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе