Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Се уште е запрена вакцинацијата против туберколоза на бебињата – непречено се одвива имунизацијата против сезонски грип

/

Македонија

Сподели преку :

Со вакцината против сезонски грип, досега, се вакцинирани 1.722 лица од ризичните групи население.

Вакцинацијата се одвива на 31 пункт низ државата, од кои пет пункта се во Скопје, во поликлиниките Идадија, Битпазар и Ѓорче Петров, во Центарот за јавно здравје-Скопје и Институтот за јавно здравје.

Бесплатната вакцинација против сезонски грип е наменета за: лица над 65 години, лица со хронични заболувања, здравствени работници, бремени жени, како и деца на возраст од 6 месеци до 5 години.

Надлежните апелираат граѓаните да ги почитуваат мерките за превенција како да се избегнува собирање и престој во простории каде престојуваат повеќе луѓе, особено да се избегнува близок контакт со луѓе кои се болни или сомнителни, да се мијат рацете, да се пијат топли напитоци како и да се практикува здрав начин на живот.

Во меѓувреме министерството за здравство ја запре вакцинацијата против туберколоза со бугарските вакцини поради сомнежи за нејзиниот квалитет.

Во соработка со УНИЦЕФ преговараше за јапонски вакцини. Министерот Сашо Клековски очекува за 10-тина дена да продолжи вакцинацијата на новороденчињата со БСЖ. Здравствените власти уверуваат дека одложувањето нема да им штети на најмалите.

Се уште трае анализата дали несаканите реакции за кои алармираше Хрватска се од бугарската вакцина или причината е нешто друго.

Инаку сомнителните случаи првично беа пријавени во Хрватска, каде што здравствените власти добиле четири пријави за можни воспаленија на коските кај мали деца.

Од бугарскиот производител „Бул Био“, пак, соопштија дека кај две деца можеби била применета десетпати поголема доза од пропишаната.

Производителот ги отфрла наводите за проблеми со квалитетот на вакцината.

С.П.

Вакцинацијата против туберколоза е одложена додека не се стаса новата пратка од Јапонија

По Хрватска и Македонија ќе проверува дали бугарската вакцина против туберкулоза влијае штетно. Од здравство нема да ги чекаат анализите и набавуваат едногодишни вкацини за БСЖ од Јапонија. Сепак вакцинацијата е одложена додека не се стаса новата пратка. Новоороденчињата нема да се вакцинираат во родилиштата туку веднаш кога ќе стасаат вакцините од далечниот исток. Ова… Продолжи со читање

telma.com.mk

Jumbo 2