Утринскиот дел од изборниот ден се одбележа со многу висока излезност на гласачите, но и со низа неправилности што ги забележаа набљудувачите на избирачките места, сооштија од мисијата за набљудување на изборите CRTA.
Меѓу неправилностите, најчеста e фотографирање на гласачките ливчиња, што е забележано на 25 отсто од избирачките места во Србија.
Во Белград, оваа појава – која укажува на загрозување на тајноста на гласањето и вршење притисок врз гласачите – беше забележана на повеќе од половина од избирачките места.
На 9 отсто од избирачките места е забележана комбинација од повеќе неправилности, што може да укажува на обид за воспоставување нелегитимна контрола врз гласањето; конкретно: неовластено присуство на трети лица, фотографирање на гласачките ливчиња, како и мешање на набљудувачи од одредени набљудувачки мисии во работата на избирачките одбори…
Недоследна примена на спрејот за обележување на гласачите е забележана на 12 отсто од избирачките места.
Во Ветерник од CRTA поднеле пријава до полицијата поради сомневање за купување гласови и т.н. „бугарски воз“ .












