Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(видео)„Болен си штом поставуваш такво прашање“ – Трамп со навреди кон новинарот на „Ројтерс“

/

Свет

Сподели преку :

Американскиот претседател Доналд Трамп ги откажа предизборните собири во Канзас и Ајова, кои беа закажани за овој викенд, пред конгресните избори на 3 ноември.

Наместо лично присуство, тој ќе одржи серија предизборни собири преку телефон, одлука што покрена прашања за неговата здравствена состојба и можната исцрпеност по интензивната кампања.

Вчера, по враќањето од предизборен собир во Јужна Каролина, Трамп остро реагираше кон новинар на „Ројтерс“, кој праша дали го откажал патувањето во Канзас бидејќи е уморен од патувања.

Новинарот на „Ројтерс“ претходно праша како се чувствува по бројните патувања и се интересираше за неговото здравје.

Трамп одговори дека се чувствува многу добро и изрази уверување дека републиканците ќе остварат добар резултат на изборите.

Потоа новинарот го праша дали откажувањето на митингот во Канзас има некаква врска со тоа што е уморен од патување.

Трамп веднаш одговори. „Болен си штом поставуваш такво прашање. Болен си“, рече Трамп, а потоа го праша новинарот за кого работи. „Погледнете го овој човек. Воопшто не е во форма“, забележа Трамп, а потоа објасни зошто нема да патува во Канзас.