Усно, а не писмено, била издадена наредбата за полициската акциска контрола во која бил опфатен и клубот „Пулс“ во Кочани, сведочеше поранешниот началник на ОВР Пробиштип, повикан како сведок на одбраната.
На рочиштето сведоци опишуваа како се одвивала евакуацијата и како дел од обвинетите помагале во спасувањето на гостите.
Судот одби да го сослуша Лазар Захариев како сведок бидејќи е обвинет во истиот предмет. Роднините на загинатите реагираа на сведочењата. Прашуваат како полицајци правеле акции воопшто во нелегална дискотека.













