Кај 60 од вкупно 174 граѓани кои вчера направиле бесплатни превентивни здравствени проверки во центарот на Скопје биле измерени зголемени вредности на крвниот притисок.
Покачен шеќер во крвта бил регистриран кај 34 лица, а зголемени маснотии кај 45 граѓани, информира директорот на Универзитетската клиника за неврологија, д-р Јован Божиновски.
Мерењата беа организирани на штанд на плоштадот „Македонија“, каде што граѓаните бесплатно можеа да го проверат крвниот притисок, шеќерот и холестеролот, како и да направат проценка на ризикот од мозочен удар.













