Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Тридневна жалост во Шпанија најмалку 68 мртви со судар на два воза – Едноминутното молчење во Мадрид прерасна во антивладин протест

/

Свет

Сподели преку :

Шпанија започнува тридневна жалост откако најмалку 68 луѓе загинаа, а десетици други беа повредени во една од најтешките железнички несреќи во модерната историја на Европа. Екипите за итни интервенции работеа во текот на ноќта, под силни рефлектори, сечејќи ги металните вагони во потрага по жртви, при што многу од загинатите во несреќата сè уште не се идентификувани.

Надлежните ја истражуваат причината за несреќата, која се случи во средата наутро, кога воз што патувал од Мадрид кон Севиља удрил во воз што стоел на пругата.

Премиерот Педро Санчез изјави дека „цела Шпанија тагува“, додавајќи дека „животи се уништени, семејства се растурени, а болката е огромна“.

Според шпанското Министерство за внатрешни работи, стотици припадници на службите се распоредени на местото на несреќата за да помогнат во спасувачките операции, а се користат и дронови и хеликоптери за пронаоѓање на жртвите и расчистување на урнатините.

Во возот што стоел на пругата, управуван од приватниот железнички оператор „Ирио“ (Iryo), имало 147 патници.

Според шпанскиот министер за транспорт, Оскар Пуенте, возот застанал на пругата поради компјутерски дефект.

  • „Одлуката за продолжување на сообраќајот, иако системот сè уште не функционираше, беше донесена од контролниот центар. Контролниот центар, преку своите вработени, е тој што одлучува да се продолжи со движењето – и тоа, како што велам, во околности кои од наша гледна точка се необјасниви. Одлучено е да се продолжи движењето иако еден воз стоел, а на влезот во станицата Урда светел црвен сигнал. Притоа, не е препорачана таканаречената ’намалена брзина‘ – брзина која му овозможува на машиновозачот да го запре возот доколку наиде на пречка на шините (максималната дозволена брзина во тој случај е 40 км/ч). Ова е одлуката донесена од контролниот центар, која му била пренесена на возот што се судрил со возот на ’Ирио‘ (Iryo) – што всушност е и причината за несреќата“ – Оскар Пуенте, шпански министер за транспорт.
  • „Како што реков, падот на системот – нешто што може да им се случи на сите системи кои се потпираат на компјутери и софтвер, а кои обично брзо се обновуваат – се случи во 08:30 часот. Веќе во 08:36 часот е донесена одлука да се продолжи со сообраќајот иако системот не функционирал. И тоа да се одвива како во нормални услови, иако пред возот имало друг воз, а сигналот бил црвен – тоа се фактите,“ рече шпански министер за транспорт.

Тој изјави дека, во случај на дефект на системот, контролен центар во Мадрид, кој работи 24 часа, ја презема контролата, но тој донел „необјаснива“ одлука да им наложи на возовите повторно да тргнат, без никакви ограничувања на брзината.

Десетици луѓе се собраа синоќа пред градското собрание на Мадрид за да оддадат едноминутно молчење за жртвите од фаталната железничка несреќа кај Толедо.

Воз со голема брзина удри во друг што застана на шините во Шпанија во средата, при што загинаа најмалку 68 луѓе, а десетици беа повредени во вториот смртоносен железнички судир оваа година. Почитта се претвори во демонстрации против власта.

На собирот на плоштадот Цибелес, свикан од шпанската федерација на општини и покраини, присуствуваа високи политички фигури, вклучително и водачот на опозициската Народна партија Алберто Нуњез Фејо.

На собирот се приклучија и претседателката на Мадридскиот регион Изабел Дијаз Ајусо, градоначалникот на Мадрид Хозе Луис Мартинез Алмеида и делегатот на централната влада Пилар Тринидад.

За време на молкот, некои учесници држеа знаци на шпански јазик „корупцијата убива“ и извикуваа повици барајќи оставка од министерот за транспорт Оскар Пуенте.