Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Лукаревска: Има дупка во буџетот од една милијарда евра, недостасуваат една милијарда евра и во ПИОМ

/

Македонија

Сподели преку :

Дупка во буџетот има од една милијарда евра во моментот, а недостасуваат една милијарда евра, исто така, во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, рече Сања Лукаревска, пратеничка на СДСМ, во вечерашната дебата во „Топ тема“ на ТВ Телма. Според неа , има неколку небулозни кратења во ребалансот што, како што додаде, се потврдува дека буџетот ја нема онаа инвестициска нишка која што беше обележје во дебатата за првиот ребаланс,

„Досега реализацијата на капиталните инвестиции, согласно она што го гледаме на сајтот на министерството за финансии од сите буџетски корисници, е 57,1 процент. Мислам дека најмногу предничи министерството за локална самоуправа со скоро 5,7 проценти реализација на капитални инвестиции, а тоа е она министерство што треба да ги менаџира единиците на локалната самоуправа“, изјави Лукаревска.

Лукаревска нагласи за кратење на средства на министерството за животна средина.

„Значи се крати од пречиститеоната станица, се крати од квалитетот на воздух, аерозагадувањето сега ќе ни тропне на врата како што доаѓа зимата, а имаме зголемување на буџетските средства за набавка на возила за 79,1 процент во споредба со претходниот ребаланс. Значи кратиме од стратегијата за борба против аерозагадувањето, на министерството за животна средина ќе му дадеме да си купи нови возила. Од друга страна зборуваме дека не луксузираме, дека не трошиме повеќе отколку што е предвидено“, вели Лукаревска.

Пратеничката на СДСМ истакна кратење во министерството за образование, кратење на средствата кај ФИНКИ, кај „Мајка Тереза“, кај реконструкцијата на основните училишта, намалување на средства кај спортските сали во основните училишта, кај реконструкцијата на средните училишта, на ученичките домови, енергетска ефикасност на студентските домови, итн.

„Кај министерството за здравство имаме 100 милиони евра помалку од капиталните инвестиции. Таму нема збор за клиничкиот центар, за болницата во Штип, во Кичево, се крати на ретките болести, итн. Во министерството за економија се крати кај програмата за мали и средни претпријатија и се крати кај една тема што ги засега сите, за демографијата“, истакна Лукаревска.

С.Д.

Jumbo 2