Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Работна група во Влада – нула активности на терен, токсичниот хром под ведро небо сѐ уште е закана за Рашче

/

Македонија

Сподели преку :

Над еден милион кубици јаловина полна со шествалентен хром се уште стои под отворено небо на отпадот кој е наоѓа на само стотина метри од првите куќи во Јегуновце и на неколку километри по воздушна линија од изворот Рашче.

Работни групи, анализи, елаборати но засега од Владата не е преземени ништо опипливо што ќе го намали ризикот од истекување на хромот и трајно загадување на изворот Рашче од кој 600 илјади жители во Скопје се снабдуваат со вода за пиење. Се уште не е поставена ниту заштитната ограда па така секој има пристап до токсичниот отпад кој зафаќа површина од седум и пол хектари и има висина колку дванаесет катна зграда.

Министерот за екологија, Муамет Хоџа, вели дека овој проблем е во врвот на неговите приоритети а наодите од елаборатот на Градежниот институт Македонија (ГИМ) изработен уште во 2024 се дел од насоките за натамошно дејствување.

„Информацијата од првата работна средба доставена е до Влада и се преземаат конкретни чекори. Наредниот период ќе почне со поставување на оградата , а ќе ги разгледаме другите заклучоци на работната група“ рече Муамет Хоџа, министер за животна средина.

Тој во април годинава кажа дека на маса се пет до седум опции за решавање на проблемот со токсичниот отпад, изработени се елаборати без прецизна финансиска и временска рамка а дислокација на друга локација или на друга депонија наменски изградена за спречување на натамошна контаминација се основите на елаборатите.

Со ребалансот на Буџетот од екологија се скратени парите кои беа наменети за изградба на пречистителната станица во Скопје а пари за плаќање на обврски има до крајот на годинава

Министерот Хоџа денес промовираше пет нови дигитални платформи со податоци за состојбите во животната средина во земјава кои ќе им бидат на располагање на граѓаните а ќе содржат податоци во живо за емисиите на сите големи загадувачи кои имаат А-интегрирани дозволи, локации со диви депонии и видео надзор а ќе се скратат и околу 30 чекори во административната постапка министерството.

Jumbo 2