Меѓу 140 и 200 милиони денари фирмите за брзи кредити наплатиле од клиентите под параванот на опомени и известувања за неплатен долг во последните три и пол години, соопшти пазарната инспекција. Овие пари ќе бидат вратени на над 26 илјади граѓани во наредните три месеци, а на 18 финансиски друштва ...
Таргетирани мерки се единствениот начин да се зачува стандардот на граѓаните во пресрет на најавените поскапувања на основните производи и празничниот период во кој трговците традиционално ги зголемуваат цените, смета универзитетскиот професор Борче Треновски. Тој е дециден дека со општите мерки како ограничување на маржи државата само губи пари без ...
Месото и јајцата ќе поскапуваат, а извесно е дека граѓаните ќе плаќаат и повисока цена на лебот поради зголемените влезни трошоци односно цените на енергенсите и на суровините, најавуваат производителите. Најавите за поскапување стигнаа и до економија. Министерот Дурмиши предупреди и дека ќе се следи целиот синџир од производител до ...
Бесплатна правна помош за жртвите на семејно насилство и крвна одмазда, бесплатна правна помош за ранливи и социјално загрозени категории на граѓани и пристап до институциите на системот, поврзување со медиуми и истражувачки новинари за решавање на системски проблеми. Ова се само дел од проектите и програмите кои успешно функционираат ...
И владината и синдикалната потрошувачка кошничка растат иако пресметките се однесуваат на различни месеци. Државата изброја 942 денари потешка просечна кошничка за октомври, синдикатите речиси 500 денари плус кај минималната за месец ноември. Разликата меѓу двете кошнички е речиси 12 илјади денари, но заедничко за двете е што семејството каде ...
Сериозни слабости во информациската безбедност на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО), една од клучните државни институции која ги има податоците за секој граѓанин во државата, нотира државниот ревизор. Недостиг на стручен кадар, отсуство на обуки, недоволни безбедносни проверки и пропусти во заштитата и обновување на податоците се најголемите забелешки во ...
Скопски „Факом“ од денеска оди во стечај откако на судското рочиште судијата, по три одлагања, донесе одлука за отворање на стечајна постапка. Истовремено десетици вработени во „Факом“ и „Бетон“, фирми со ист сопственик, беа пред Граѓанскиот суд во Скопје во исчекување на рочиштето на кое, по неколку одложувања, очекуваа да ...
Над 16 илјади граѓани се соочуваат евентуално блокирање на сметките откако Град Скопје достави решенија за присилна наплата на данок на имот до банките. Со овие решенија се опфатени и околу петстотини компании кои исто така немаат платено данок за 2022 година. Доставувањето на решенијата до банките не значи автоматска ...
Правосудниот испит може и треба да се полага на албански јазик а секое друго решение, макар и преодно, е кршење на Законот за употреба на јазици, предупредуваат од ДУИ. Оттаму велат дека владејачкото мнозинство го деградира албанскиот јазик и правата на Албанците и дека се обидува да купи време со ...
К-15 пресметан во кубици огревно дрво. На овој начин се исплаќал годишниот регрес во државната „Национални шуми“. Синдикатот поднесе кривична пријава против директорот на државната компанија, раководството на компанијата, пак, смета дека законот не е прекршен и дека вработените имале избор дали сакаат пари или дрва за огрев. Синдикатот денеска ...
Педесетина граѓански организации и креатори на содржини од државите на Западен Балкан, под покровителство на ЕУ, се состанаа во Подгорица за да ги презентираат резултатите од проектите чија цел беше подобрување и заштита на правата и слободите на граѓаните. Телевизија Телма пак беше единствениот национален медиум од Македонија кој беше ...
109 милиони евра загуба, 53 нефункционални локомотиви и илјадници вагони надвор од сообраќајотнотира државниот ревизор во извештакот на работењето на МЖ Транспорт во 2024 година. Од 47 патнички вагони тогаш во употреба се само два, катастрофална состојба во транспортниот сообраќај и застарена опрема за мерење на горивото, импровизирана и подложна ...
Народна Банка од попладнево го презема управувањето со Алта Банка Битола, постави тројца администратори и воведе ограничувања за граѓаните клиенти кои од утре ќе имаат на располагање 10 илјади денари неделно односно 40 илјади денари месечно за да ги покријат сите режиски трошоци, потреби и сметки. „Во точно 14 часот ...
118 милиони евра е вкупната сума на депозити на македонските граѓани во АЛТА Банка Битола. Овие средства не се поврзани со српската АЛТА банка и во никој случај не може да бидат дел од стечајна маса. Откако вчера битолчани побрзаа да ги подигнат средствата од експозитурите, денес повторно има редици ...
Српската Народна банка и ја одзеде дозволата за работа на АЛТА Банка во Србија а тоа го отвори прашањето дали и како ќе влијае врз работење на АЛТА Банка АД Битола, поранешна Стопанска банка Битола, каде што е доминантен сопственик. Од НБРМ велат дека АЛТА банка АД Битола е посебен ...
Над еден милион кубици јаловина полна со шествалентен хром се уште стои под отворено небо на отпадот кој е наоѓа на само стотина метри од првите куќи во Јегуновце и на неколку километри по воздушна линија од изворот Рашче. Работни групи, анализи, елаборати но засега од Владата не е преземени ...
