СВР Охрид поднесе кривична пријава против 36-годишен државјанин на Египет, осомничен за кражба на мобилен телефон и пари од други гости во хостел во Охрид.
Според полицијата, кражбата се случила на 26 октомври, кога осомничениот, кој престојувал во хостелот, искористил погодна прилика и украл телефонот и пари од гостите, по што избегал.
Тој бил фатен по неколку часа, на автопатот Тетово – Скопје.
По изведувањето пред судија на претходна постапка во Основниот суд Охрид, на осомничениот му е одреден притвор во траење од осум дена.













