Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Бесплатни доплер-прегледи на Клиниката за неврологија во Скопје

/

Македонија

Сподели преку :

Граѓаните денеска, од 11 до 13 часот ќе можат бесплатно да направат доплер-преглед на каротидните артерии на Универзитетската клиника за неврологија во Скопје.

Отворениот ден се организира по повод Светскиот ден на мозочниот удар, со цел подигнување на свеста за ризик-факторите и важноста на навременото откривање на заболувањата на крвните садови.

Доплер-прегледот е безболно ултразвучно испитување со кое се проверува протокот на крв низ артериите на вратот што го снабдуваат мозокот.

Со него може да се откријат стеснувања и промени во крвотокот поврзани со зголемен ризик од мозочен удар.

Лекарите потсетуваат дека ненадејно искривување на лицето, слабост на едната рака или нагло нарушување на говорот се предупредувачки знаци за можен мозочен удар.

При појава на вакви симптоми, веднаш треба да се повика итна медицинска помош.

Бесплатните прегледи се дел од активностите за превенција и информирање на граѓаните пред Светскиот ден на мозочниот удар, кој се одбележува на 29 октомври.

Најмладата пациентка со мозочен удар има 16 години

Мозочниот удар се почесто ги погодува и младите, а последиците можат да бидат ненадејни и доживотни. Најмладата пациентка на Клиниката за неврологија имала само 16 години, а сега таму се лекува и 37-годишен пациент. Загрижува и фактот што во последните две години лекарите сè почесто се соочуваат со млади пациенти со мозочен удар. Во меѓувреме,… Продолжи со читање

telma.com.mk

Jumbo 2