Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Изборите во Израел завршија без јасен победник – следува период на интензивни политички преговори и надмудрувања

/

Свет

Сподели преку :

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ги повика еврејските партии да се поврзат со него, ветувајќи дека ќе „ја отстранат егзистенцијалната закана од Иран“.

Обраќајќи се пред воодушевените поддржувачи во 3 часот изутрина, Нетанјаху нагласи дека анкетите за излез покажуваат дека неговата партија Ликуд се предвидува да биде најголемата партија во следниот парламент.

Тој ги наведе воените достигнувања на Израел во текот на изминатите три години и ги нагласи своите блиски врски со американскиот претседател Доналд Трамп во борбата против иранскиот режим.

Во пораката упатена до неговите ривали, тој рече дека не треба да се формира влада што се потпира на арапските партии.

Партиите предводени од арапите имаа силен настап на изборите вчера и би можеле да бидат клучни, бидејќи анкетите за излез покажуваат дека блокот на Нетанјаху и неговите противници се изедначени и дека не можат да формираат владини коалиции.

  • „Сакам да ви кажам дека Израел се соочува со историска можност – заедно со нашиот партнер, претседателот Трамп – еднаш засекогаш да ја отстрани егзистенцијалната закана што доаѓа од Иран. Десничарскиот блок има јасно, одлучувачко мнозинство меѓу ционистичката јавност. А меѓу еврејската јавност и сите оние што ја поддржуваат еврејската држава – ова стана јасно – постои одлучувачко мнозинство“ – Бенјамин Нетанјаху, израелски премиер.

Лидерот на партијата Јашар („Праведен“), поранешен воен началник, Гади Ајзенкот, изјави дека гласачите го отфрлиле натамошното лидерство на премиерот Бенјамин Нетанјаху, откако излезните анкети покажаа неуспех за коалицијата на Нетанјаху на националните избори.

Тој се обврза да формира влада и вети „нова ера на надеж“ за Израелците. „Денес, Израел излезе на референдум за раководството што ќе го води Израел во годините што доаѓаат“, рече Ајзенкот, проследен со овации од поддржувачите.

„Народот одлучи во корист на промените.“ Поддржувачите извикуваа пароли Ајзенкот да стане следниот премиер на Израел.

  • Иако ова се сè уште само резултати од излезните анкети и треба да ги почекаме конечните резултати, веќе може да се констатира дека Нетанјаху вечерва се соочува со поголемо и посилно национално ционистичко мнозинство, како во општата јавност, така и меѓу оние што служат и работат. Еден достоен лидер би ја прифатил недовербата од народот и денес би објавил дека се повлекува од политичкиот живот. Со оглед на високата излезеност на овие избори, би било грешка да се оди на нови избори. Наша должност е, а и моја лична должност, да сториме сè за да ја исполниме волјата на народот – Гади Ајзенкот, лидер на партијата „Јашар“

Иако излезните анкети не покажаа јасен победник на изборите во Израел, активисти кои се противат на Нетанјаху – дел од левичарската организација „Розов фронт“, доцна синоќа во Тел Авив ги прославија првичните резултати од анкетите.

Некои од нив влегоа во еден од базените, мавтајќи со своите знамиња со розови срца, додека други наздравуваа со пенливо вино.

  • „Толку сум возбудена, како, моето тело сè уште не разбира што се случи. Конечно, победивме по четири години борби на улиците. По ужасниот масакр што ни се случи, конечно добивме нова влада, да имаме промена, да имаме опција во иднина, и не можам да бидам посреќна сега“ – Хадас Шохам, локална жителка.

Изборите во Израел завршија без јасен победник, што најавува период – можеби и неколку недели – на интензивни политички преговори и надмудрувања, пред конечно да се дознае кој ќе ја преземе власта по овие избори од клучно значење. Нејасниот исход го остава Израел во политичка неизвесност. Ова беа првите национални избори во земјата по нападот на Хамас на 7 октомври, а гласањето всушност послужи како референдум за тоа како премиерот Бенјамин Нетанјаху управува со земјата во време на војна.

Билјана Ставрова