Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Дом за стари лица, решавање на проблемот со бездомните животни – приоритетни проекти за Македонска Каменица

/

Македонија

Сподели преку :

Изградба на Дом за стари лица, повеќе содржини и мотивација за да младите останат во малата рударска општина Македонска Каменица, решавање на проблемот со бездомните животни, ова се дел од приоритетните проекти, кои жителите ги бараат од локалната власт по една година од добивањето на граѓанската доверба. Целата економија се потпира, а и општинскиот буџет се полни од најголемиот и најпрофитабилниот рудник за олово и цинк „Саса“.

Во рудникот „Саса“ се вработени над 700 жители на Македонска Каменица. Рудникот има проекција се до 2034 година да се ископува рудата. Локалната власт се погласно говори за економска транзиција.

Граѓаните се загрижени доколку рудникот не продолжи со работа и по 2034 година, во тој случај велат дека треба да им се помогне на младите да ги реализираат своите идеи за бизниси.

„Македонска Каменица е прилично изградена, освен рудникот, друго нема, а не имаме една-две конфекции со нормално мал број на вработени. Прилично луѓе, можеби поготово жени,патуваат секој ден за Амфенол во Кочани,таму ја бараат егзистенцијата. Треба ли нешто еве општината да направи некаква стратегија за економска транзиција, знаејќи дека тук 2034 им се некои проекти на рудникот за ископ на руда? Па видете можеби самиот крај одговара и за туризам на некој начин“, вели Благој Стамболиски.

Според повозрасната популација, нивната општина Македонска Каменица им нуди мирен и среден живот, со уредени улици, пешачка патека и речно корито на Каменичка река.

„Ме радува што Каменица е водечки град во Македонија по број на жител по зеленило, велат некаде, читав дека во Македонија има по жител најмногу зеленило“, рече граѓанин на Македонска Каменица.

„Младите си одат, како секаде и од Каменица си одат, си бараат подобар живот. А за нас старите тука е многу убаво. Убаво е, си младите си бараат поубав живот. Дали еве за една година се смени нешто од новата локална власт? – Многу добро. Функционира, нема што да ти кажам. Мислам многу добра е градоначалничката, да прима, да те сослушува, со секого со секого комуницира, не понижува никого“, вели жителка на Македонска Каменица.

Локалната власт располага со буџет од 6 милиони евра од кои над 3 милиони евра им пристигнуваат од концесијата од рудникот Саса. Македонска Каменица според последниот попис брои 6.439 жители, во изминатите две децении бројот на жители се намалува, поради иселувањето населението во Италија и Словенија.

Викторија Јованова

Jumbo 2