Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Меланија Трамп договори прекин на огнот во Олешки, објави Белата куќа – градот е 90 отсто поплавен по уништување на браната Каховка

/

Свет

Сподели преку :

Првата дама на САД, Меланија Трамп успешно договори прекин на огнот меѓу Русија и Украина кој се однесува само на градот Олешки, објави Белата куќа. Двете страни се согласија за привремено запирање на сите воени активности на пограшјето на Олешки, со цел да се овозможи достава на хуманитарна помош, но и подготовки за евакуација на цивилите низ посебно одреден сигурносен коридор.

Локалниот прекин на огнот, според најавите, ќе почне на 29 ноември.

„Ситуацијата во Олешки е посебно тешка. Олешки е град на првата линија на фронтот на раб на катастрофа. Преостанатите цивили се главно возрасни луѓе на кои под итно им е потребна медицинска нега, лекови, храна и чиста вода. Жителите на Олешки имаат ограничен пристап до електрична енергија, живеат опколени со минирани патишта и изложени се на редовни воени напади. Без моја интервенција ќе беше невозможно да се достави хуманитарна помош во градот, ниту да се евакуираат жителите“, изјави Меланија Трамп.

Веста ја ограничен прекин на огнот на подрачјето на Олешки, во областа Херсон, ја потврди и портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, според кого руските и украинските сили ги усогласуваат роковите.

„Луѓето кои сакаат, ќе можат да го напуштат тоа место“, рече Песков кој ги поздрави напорите на Меланија Трамп која, како што рече, значително придонела за хуманиѕтарната операција во Олешки. Голем придонес, како што рече Песков, дале и руската омбудсманка Јана Лантратова и нејзиниот украински колега, Дмитро Лубинец.

Градот Олешки се наоѓа на југот на Украина. Пред војната во него живееја околу 24.000 жители, денеска се проценува дека се останати меѓу 1.700 и 2.000, главнмо возрасни лица. но и 50-тина деца. Попис на населението во Олешка не е спроведен од 2022 година. Од почетокот на војната се наоѓа на првата линија на фронтот, а најголем дел од жителите се евакуирани или раселени. Олешки е 90 отсто поплавен по уништување на браната Каховка.