Screenshot: X
Семејството на католичкиот свештеник Патрицио Алфредо Санчез Молинари, кој почина откако врз него падна голем дрвен крст за време на миса, бара истрага за неговата смрт. Иако еквадорската полиција го опиша инцидентот како несреќа, роднините се обидуваат да утврдат како паднал крстот и дали некој е одговорен за трагедијата, пишува UNILEND.
Свештеникот почина во сабота, 17 октомври, за време на миса во црквата „Госпоѓа Вечна Помош“ во Гвајакил, кога крстот падна од ѕидот зад олтарот и го удри во главата.
Освен роднините на свештеникот кои изразиле сомнежи за околностите под кои големиот крст паднал од ѕидот и експерти интервјуирани од локалните медиуми веруваат дека обвинителството треба да испита дали постои можност за кривична одговорност за небрежност.
Според нив, истражителите треба да проверат како е прикачен крстот, кој го поставил и дали се преземени соодветни безбедносни мерки.












