Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Две кумановки зеле 200 илјади евра брзи кредити, петмина банкарски службеници овозможиле да ги подигнат

/

Македонија

Сподели преку :

Две кумановки подигнале околу 200 илјади евра брзи кредити на туѓо име, а петмина банкарски службеници се сомничат дека им помогнале да си ги подигнат парите. МВР поднесе кривична пријава против кумановките, на возраст од 23 и 35 години, за измама и за злоупотреба на лични податоци, а против банкарските службеници од филијала на банка чие име не се соопштува, за злоупотреба на службената положба и овластување.

Измамничката шема траела во првата половина од годинава. За шест месеци, 23-годишната жена, искористувајќи лични податоци на повеќе лица, во нивно име и без нивна согласност аплицирала и зела 18 различни потрошувачки брзи кредити од околу 200 илјади евра, а потоа парите си ги делела со другата жена.

„Останатите пријавени, вработени како банкарски службеници во филијала на една банка, овозможиле реализација на измамата и располагање со парични средства, со што им овозможиле на прво и второпријавената да се стекнат со противправна имотна корист во вкупен износ од 12.221.500 денари“, информира МВР.

Полицијата минатата година разби голема група која со години вршела измами со брзи кредити, а обвинителството летоска поднесе обвинение против шест лица за фалсификување исправа, Злоупотреба на лични податоци и Компјутерска измама, а 33 луѓе добија казнени налози за компјутерска измама. Лажирале податоци за вработување на невработени лица за да станат кредитоспособни, па во нивно име подигнувале брзи кредити. Им помагал и вработен во Фондот за здравствено осигурување кој им го обезбедувал здравствениот број на осигуреникот.

Срѓан Стојанчов

 

 

Jumbo 2