Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ОЈО Кочани предложи, ЈОРМ реши – на Ива Михаилова ќе ѝ се суди во отсуство

/

Македонија

Сподели преку :

На Ива Михаилова, обвинета за „Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“, ќе ѝ се суди во отсуство. Вака реши Јавното обвинителство по предлог на Основното Јавно обвинителство Кочани, информира прес-службата на ЈОРМ.

Михаилова не е достапна за државните органи. Таа моментно се наоѓа во Бугарија, каде пребега со нејзиниот адвокат Николај Димитров. Двајцата изјавија дека границата ја преминале преку официјален премин. Михаилова изјави дека тоа го сторила со лична карта, но тоа е невозможно, бидејќи таков договор немаме со источниот сосед.

Од македонското МВР соопштија дека на ниту еден граничен премин не е евидентиран излез на Ива Михаилова од државата, ниту влез во Бугарија. Ден подоцна против неа е распишана централна и меѓународна потерница по барање на Основниот суд Кочани за кривично дело по член 300, став 4 и член 297, став 3 од Кривичниот законик.

Бугарското МВР на 14 октомври соопшти дека нема да преземаат дејствија за утврдување на локацијата на Михаилова во Бугарија, а министерот Иван Демерџиев децидно кажа дека нема да ја екстрадираат Михаилова и покрај барањето од македонските власти кои притоа ги нарече „српски“.

„Ниту ќе ја бараме, ниту ќе ја предадеме на српските власти. Имаме причина, таа е граѓанин на Бугарија поради што стрикно ги приложивме соодветните процедури и закони. И ниту ќе ја бараме, ниту пак ќе ја предадеме“, изјави бугарскиот министер за внатрешни работи Иван Демерџиев.

Против Михаилова се води судски за сообраќајна несреќа со смртни последици која се случи во октомври минатата година. Притоа ѝ беа одземени и двата пасоши, македонскиот и бугарскиот и имаше обврска секој понеделник да се пријавува во полициска станица во Кочани.

Наредното судско рочиште против Михаилова е закажано за 9 ноември 2026 година во 9 часот.

Jumbo 2