Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Танкер со 40.000 тони на готовс – утре тргнува првата пратка со руски дизел за САД

/

Свет

Сподели преку :

Утре ќе тргне првата испорака на руски дизел за САД врз основа на договорот меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот руски колега, Владимир Путин.

Вицепремиерот на Русија, Александар Новак изјави дека танкерот ќе биде со капацитет од 40.000 тони, пренесува агенцијата Интерфакс, по што се очекуваат и други пратки. Тој не исклучи можност за извоз на дизел и во други земји, но нагласи дека тоа ќе зависи од капацитетите на руските рафинерии во наредните месеци.

Трамп и Путин во телефонски разговор пред 10-тина дена се договорија за продолжување на руските испораки на руски дизел за САД. Вашингтон ги „замрзна“ санкциите кон Москва до април во 2027 година за да се овозможи реализација на пратките.

Таквиот договор предизвика реакции во Европската Унија и во Украина, па дури и од некои републикански конгресмени додека наиде на поздравување од Москва.

Руските рафинерии се честа мета на украинските беспилотни летала со долг дострел, а предизвиканите штети засега ги ограничуваат производствените капацитети на земјата. Одговорот на Москва беше забрана за извоз на дизел и бензини.

Украинските напади наидоа на критики од Трамп, според кого Киев е виновен за растот на цените на енергенсите во пресрет на американските конгресни избори во ноември на кои се очекува слаб резултат на републиканците.

Киев од друга страна тврди дека нафтените постојки се легитимни воени цели, бидејќи обезбедуваат гориво и финансирање на војната на Путин.