Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Шверц на лек за малигни заболувања откриен на Богородица, запленети 29 вијали

/

Македонија

Сподели преку :

Мобилен тим од Одделението за оперативни работи заплени вијали со медицински раствор „Xgeva“, што се употребува за малигни заболувања.
Шверцот е откриен на влез во државата на граничниот премин Богородица, каде при контрола на автобус управуван од косовски држвјанин, во кутија за прва помош, се откриени вкупно 29 вијали во вредност од 336 илјади денари, 29 кутивчиња, но и 30 самолепливи етикети спакувани во најлонска црна кеса.
Станува збор за лек чиј увоз е строго регулиран со дозволи од надлежни институции и чиј транспорт подлежи на строго пропишани стандарди.
Од страна на Одделението за истраги против сторителот е поднесена кривична пријава за „криумчарење“, казниво по Кривичниот законик.
Годинава од мобилните тимови и царинските службеници на граничните премини, запленети се над 30 илјади парчиња лекови.

Jumbo 2