Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски смета дека е намален бројот на кучиња скитници.
Тој оцени дека е постигнат напредок во справувањето со проблемот со кучињата скитници, но призна дека тој сè уште не е целосно решен. Во наредните денови ќе бидат објавени и споредбени податоци за напади од бездомни кучиња врз граѓаните кои треба да покажат колку вакви случаи биле регистрирани пред преземањето на раководството на Град Скопје и на ЈП „Лајка“, а колку потоа.
Најави дека се размислува опцијата за проширување на капацитети на ЈП „Лајка“, со цел решавање на проблемите со бездомните кучиња.













