Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Професори бараат оставка од Рама- најавен бојкот на наставата

/

Свет

Сподели преку :

Наставата на сите јавни универзитети во Албанија од изутринава се прекинува по одлуката на Синдикатот на вработените во високото образование за генерален бојкот. Универзитетски професори застанаа зад протестите на студентите и граѓаните, барајќи оставка од премиерот Еди Рама, формирање техничка влада и организирање предвремени парламентарни избори.

Одлуката за бојкот била донесена едногласно на вонреден состанок на раководството на Синдикатот во Тирана. Претседателот на синдикатот, Сандер Ковачи, соопштил дека наставата на државните факултети ќе остане прекината сè додека не се исполнат барањата.

„Наставата на сите јавни универзитети се прекинува веднаш во знак на солидарност со студентскиот отпор“ – изјавил Ковачи пред новинарите.

Од синдикатот оценуваат дека владината политика кон високото образование доживеала целосен колапс. Како главни проблеми ги посочуваат ниските плати на академскиот кадар, недостигот од буџетски средства за научни истражувања и високите студентски такси, за кои сметаат дека се одговорност на актуелната извршна власт.

Одлуката на професорите доаѓа по неколкудневните масовни протести пред владините згради во Тирана.