Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Град Скопје со камери ќе лови загадувачи, а граѓани ќе пријавуваат преполни контејнери и преку апликација – нови мерки за несовесно фрлање на отпад

/

Македонија

Сподели преку :

Градските власти најавуваат засилени мерки за спречување на незаконското фрлање отпад и уништувањето на урбаната опрема. Едно од решенијата е поставување видео надзор на критичните локации низ Скопје, но за камерите да почнат да се користат, потребно е одобрение од Агенцијата за заштита на личните податоци.

„Повеќе од 200 камери ќе поставиме на критичните места низ градот. Тоа досега не било направено. Тука ќе бидат опфатени критични точки како места на кои се создаваат депонии, во парковите кои се постојано на удар“, рече Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на град Скопје.

Видео надзорот е една од мерките што се применуваат и во други земји. Во Индија и Ирска, камерите се користат за откривање случаи на незаконско фрлање отпад. Во Србија и Црна Гора, пак, комуналната полиција врши контроли на терен и презема мерки против прекршувањата на комуналниот ред.

Денеска беше презентирана платформата „Еко Скопје“, создадена од 30 млади активисти. Преку неа, граѓаните ќе можат анонимно да пријавуваат преполни контејнери, диви депонии и непријатна миризба.

„На самата апликација вие веднаш ќе можете да пријавите и да бидете сигурни дека пријавата ќе стигне на правилното место. Нема да има потреба да се препраќа или одовлекува целата таа постапка. Службите веднаш ќе имаат увид и ќе можат да постапат“, рече Андреј Божиновски платформата Еко Скопје 2

Градоначалникот Ѓорѓиевски најави и реорганизација на депонијата „Дрисла“, со цел таа да прерасне во современ центар за управување со отпад и рециклирање.

Тамара Марковска

 

Jumbo 2