Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Гордана Дренкоска – жената која неправедно беше осомничена конечно дочека правда, со помош на адвокатката и државниот обвинител

/

Македонија

Сподели преку :

Гордана Дренкоска жената која со својот сопруг и син беа на правдина уапсени за убиството на докторот Ацо Трповски уште еднаш апелира институциите да бидат совесни кога се работи на вакви случаи. Таа е среќна што после долго трагање ја нашла вистинската адвокатка Теа Дамева која и помогнала да дојде до правдата.

Верува дека и меѓу обвинителите постојат совесни професионалци кои имаат слух за луѓето како неа истакнувајќи го државниот обвинител Ненад Савески, но и шефот на скопското обвинителство Анел Фидовски.

Во изјава за Телма уште еднаш им се заблагодарува за тоа што конечно ја добила резолуцијата со која се потврдува дека таа ниту е осомничена ниту е под истрага за убиството на матичниот лекар, тешко дело за кое веќе друг брачен пар е осомничен и во притвор.

Jumbo 2