Вкупно 271 лице се приведени, меѓу кои 220 малолетници и околу 50 странци, уапсени се 32-ца, а повредени се 14 полицајци, објавија италијанските медиуми по насилните протести во Милано, повикувајќи се на информации од полициски извори.
Околу 2.000 млади луѓе, облечени во црно, влегоа во неколку улици во центарот на Милано и на централниот плоштад „Дуомо“, пришто демолираа излози, кршеа табли и уништуваа имот, објави „Република“. Се додава дека полицијата употреби солзавец и водени топови за да ја растера топлата.












