Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(Видео) Починат демонстрант од инфаркт, уапсени 2.000 луѓе, повредени 600 полицајци, демолирани 1.500 дуќани – биланс од нередите во Франција

/

Свет

Сподели преку :

Франција се созема од најтешките и најнасилни нереди во последните неколку години. Масовните антивладини протести се претворија во улична војна со полицијата, палења, грабежи во многу градови низ земјата. Хаосот на улиците почна со спојување со повеќенеделното незадоволство на средношколците, новиот бран на незадоволство на работниците и граѓаните поради падот на животниот стандард, како и насилните групи кои ги искористија протестите како параван за демолирање и грабежи.

Според податоците на француското Министерство за внатрешни работи, над половина милион луѓе во 110 градови излегоа на улиците во саботата. Иако најголем дел од собирите беа мирни, насилниците во целост уништија или демолираа 1.500 дуќани и нападнаа бројни симболи на француската држава.

Во подметнат пожар во Лимож речиси целосно е уништено 143 години старото градско собрание што ја преживеа Втората светска војна. Маскирани демонстранти, пак, влегоа во објектот на локалната власт во Марсеј.

Билансот на насилствата е застрашувачки. Еден демонстрант почина во Париз од инфаркт, уапсени се над 2.000 луѓе, поврдени се над 600 полицајци од кои седум тешко.

Министерот за внатрешни работи, Лоран Нуњез викендот поднесе оставка на функција, одлука што беше одбиена од претседателот Емануел Макрон. Во обраќање до нацијата предупреди дека државата, ако биде потребно, во целост ќе ги забрани протестите за да спречи насилство.