Соединетите Американски Држави го повикаа Израел да преземе мерки за одвраќање на доселениците на Западниот брег од напади, изјави државниот секретар на САД, Марко Рубио.
„Многу сме изненадени од снимките што ги гледаме. Побаравме од Израелците да ги спречат таквите постапки“, рече Рубио.
Неговите изјави доаѓаат по видеоснимката на социјалните мрежи на која се гледа како повеќе луѓе ја напаѓаат Хеида Левине, американска фоторепортерка која работи за „Вашингтон Пост“.
Левине е една од најмалку две лица кои се повредени во инцидентот што се случи деновиве, кога израелски доселеници нападнаа палестински цивили.
На окупираниот Западен брег се нападнати и европски дипломати, како и француски градоначалник, изјави белгискиот министер за надворешни работи.












