Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Најмалку 16.000 евакуирани луѓе, илјадници куќи под опасност од уништување – големи шумски пожари во Калифорнија

/

Свет

Сподели преку :

Околу 4.600 домови и најмалку 16.000 луѓе се под закана од големи шумските пожари што беснеат во јужниот дел на американската сојузна држава Калифорнија. Противпожарните служби соопштија дека за неколку области се издадени наредби за евакуација.

Околу 400 пожарникари се борат со огнената стихија, а уште 400 се на пат кон местото на пожарот. Двајца пожарникари се повредени за време на интервенцијата и се пренесени во блиските болници.

Огнот, исто така, претставува закана за домовите во крајбрежниот град Малибу, западно од Лос Анџелес. Неколку стотици луѓе мораа да ги напуштат своите домови, изјави портпарол на противпожарната служба за американската телевизија „Си-Ен-Ен“ (CNN).

Пожарот наречен „Брајсон“ (Bryson Fire) избувна во четвртокот вечерта. Стотици пожарникари се на терен, а најмалку еден од нив е повреден.

Температурите во Јужна Калифорнија на одредени места се искачија над 30 степени Целзиусови. Метеоролошката служба најави појава на ветровите „Санта Ана“ во некои региони. Станува збор за силни, суви ветрови кои можат да предизвикаат брзо ширење на пожарите.