Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Фабрика на странски инвеститор во Македонија нападната во Украина

/

Економија

Сподели преку :

Некогаш помала, а некогаш поголема количина. Претставниците на дел од странските компании кои работат тука посочуваат дека поради глобалните тензии се соочуваат со осцилации во обемот на порачки, нешто што досега не се случувало. Геополитичките случувања не влијаат само на побарувачката, туку ги принудува и своите капацитети од воените жаришта да ги селат на помирни локации. Преселбата, пак, носи повисоки трошоци.

„Има флуктуација, повеќе би кажал дека е многу нерамномерно. Тоа што не било никогаш. Има една недела 3.000, другата недела 1.500, после ќе се врати пак на многу високи нарачки. Ние имаме проблеми со нашата фабрика во Украина, имаме две фабрики. Едната фабрика беше под напад на руските сили и мораме да пренесеме дел од производството таму. И тоа секако ќе има покачување на трошоците“, изјави Ѓорѓи Тренковски, комерцијален директор на „Кромберг и Шуберт“ Македонија.

Глобалните случувања ги поместија пазарите. Неизвесноста го отежна работењето на бизнисите.

Во изминатиот период дел од инвеститорите тука, како АПТИВ и БМЗ најавија дека до крајот на годината ќе го стопираат производството во земјава и ќе го селат во други држави како Полска и Португалија. Претходно клуч на врата стави и американска Дура.

Засега не се знае дали и кој би ги заменил местата на АПТИВ и БМЗ во зоната во Скопје, односно дали ќе се најде инвеститор кој би работел во погоните или пак ќе останат празни.

Од ТИРЗ уверуваат дека се преговара со инвеститор и очекуваат до крај на годинава да се знае што ќе се случува. Сè уште се чека и компанијата АВЕСТА да ја реализира својата инвестиција во Кичево за која уште пред две години е удрен камен темелник.

Податоците покажуваат дека за две години, односно од јули 2024 до шести месец 2026 година, вкупниот прилив на странски директни инвестиции изнесува 1,3 милијарди евра. Но, од податоците од ТИРЗ кој ги доби Телма може да се види дека генерално станува збор за инвестиции од компании кои веќе работата тука.

Ирена Чачкова