Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(Видео) Горат државни институции и банки, десетици уапсени – Тирана во пламен, трет ден од антивладините протести во Албанија

/

Свет

Сподели преку :

Тирана во пламен. Горат згради на државни институции и банки, искршени се излози, над 50 луѓе се уапсени, меѓу нив и малолетници, додека против 98 се поведени казнени постапки. Продолжуваат антивладините протести во Албанија. Демонстрантите фрлаа камења и Молотови коктели кон полицијата, превртуваа контејнери, палеа предмети на улиците, полицајците одговорија со солзавец и водени топови. Пповредени се 23 полијајци и шест цивили.

Меѓу нападнатите објекти се Министерството за образование, Министерството за внатрешни работи и Министерството за економија. Според локалните медиуми, нападнати се најмалку осум државни институции и опожарени се неколку министерства. Оштетени се и банки, продавници и друг приватен имот.

Протестите почнаа во вторникот поради незадоволство на студентите од високите трошоци за студирање, лошите услови во универзитетите, како слабите изгледи за вработување. Набрзо прераснаа во широк бунт против владата на премиерот Еди Рама со обвинувања за корупција и барање за негова оставка.

 

Премиерот Рама го отфрли барањето за оставка, а за насилните протести во Тирана ја обвини опозицијата.

„Што се однесува до барањето за моја оставка, владите се менуваат преку демократски избори. Минатата година имавме избори, а не револуција“, порача Рама, пренесува „Ројтерс“.

Тој изрази подготвеност за разговори за проблемите во образованието, но ги осуди нападите врз институциите и уништувањето на имот.

Рама е на власт од 2013 година. На ланските парламентарни избори го освои четвртиот мандат.