Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

„Фајненшл тајмс“: САД ѝ предложиле на ЕУ да „одмрзне“ дел од рускиот имот

/

Свет

Сподели преку :

Специјалните претставници на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф и Џаред Кушнер, им предложиле на претставниците на Европската Унија да „одмрзнат“ дел од рускиот имот со цел да продолжат преговорите за завршување на војната во Украина, изјавија извори што се запознати со тоа прашање, пренесува „Фајненшл Тајмс“.

Виткоф и Кушнер, за време на минатонеделната средба во Мајами со претставници на НАТО, ЕУ, Велика Британија, Германија и Германија, предложиле неколку начини за „одмрзнување“ на рускиот имот, велат изворите на „Фајненшл Тајмс“.

Нивниот предлог опфаќал и основање на нов финансиски инструмент со посебна намена. Идејата била разглкедувана во рамки на евентуален мировен договор. Според изворите на „Фајненшл Тајмс“, европските претставници го одбиле предлогот на американската страна, додека механизмите за „одмрзнување“ на дел од руските средства и нивно користење и натаму се предмет на расправа.

Земјите членки на ЕУ и групата Г7 „замрзнаа“ околу 300 милијарди евра руски имот од кои речиси 180 милијарди се наоѓаат во белгискиот депозитар „Евроклир“.