Нетфликс соопшти дека ќе укине 1.000 работни места на глобално ниво, заради притисокот и конкуренцијата од ривалските компании со која се соочува гигантот за стриминг.
Намалувањето на бројот на вработени, најголемо од 2022 година, главно ќе ги погоди секторите за човечки ресурси, правни работи, производи и технологија. Тоа претставува околу 6% од вкупниот број вработени во компанијата.
Минатиот месец, ко-извршниот директор на Нетфликс, Тед Сарандос, на самитот Блумберг Скринтајм изјави дека компанијата „не расте толку брзо колку што би сакал“.
Стриминг-индустријата минува низ период на консолидација, по спојувањето на Парамаунт со Ворнер Брос, сопственикот на ХБО(HBO), во договор вреден 110 милијарди долари.
Во меѓувреме, бесплатните платформи, како Јутјуб и ТикТок, продолжуваат да привлекуваат гледачи.
Нетфликс беше блиску до склучување сопствен договор за преземање на Ворнер Брос, но на крајот Парамаунт понуди повеќе и ја доби зделката.












