Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Двајцата млади ќе одговораат за продажба на дрога и попречување службени лица – полицијата со детали за драматичната потера

/

Македонија

Сподели преку :

Двајцата млади кои се уапсени по драматична потера ќе одговораат за две кривични дела поврзани со спречување службено лице во вршење службено дејствие и неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги.

Според информациите од МВР, инцидентот се случил околу 20:25 часот на улицата „Црногорска“, кога полицијата се обидела да запре автомобил „БМВ“ со скопски регистарски ознаки. Полициските службеници претходно добиле оперативни сознанија дека во возилото ќе се изврши купопродажба на марихуана.

Откако полицајците дале знак за запирање и се приближиле до возилото за легитимирање и преглед, возачот тргнал, удрил во бандера и фрлил кеса со марихуана низ прозорецот. Во тој момент еден од полициските службеници го извадил својот службен пиштол и од совозачката страна на полуотворениот прозорец издал наредба „стој полиција“, при што од страна на лицето од совозачката страна му бил одземен службениот пиштол, а возачот го стартувал возилото и се дал во бегство.

Полициските службеници тргнале по „БМВ“-то, кое со голема брзина се движело по улицата „Ѓорче Петров“ кон автопатот Скопје – Тетово, игнорирајќи ги светлосните и звучните сигнали од полицајците. Еден полициски службеник испукал и три предупредувачки проектили во воздух.

Потерата завршила откако автомобилот удрил во банкина на автопатот и се извртел. Од возилото излегле возачот П.А. (24) и совозачот Е.П. (21), кои биле лишени од слобода. Одземениот службен пиштол е пронајден, а по пребарување на теренот била пронајдена и кесата со марихуана.

Од МВР информираат дека денеска, во координација со Основното јавно обвинителство Скопје, е поднесена кривична пријава против двете лица за спречување службено лице во вршење службено дејствие, според член 382, и за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, според член 215 од Кривичниот законик.

Против М.Т., за кого постојат сознанија дека е поврзан со случајот, е поднесена кривична пријава за делото поврзано со наркотични дроги.

За настанот е известен и Одделот за внатрешна контрола при МВР, кој презема мерки за утврдување на евентуални неправилности во постапувањето на полициските службеници.

(Видео) МВР ја пишува кривичната пријава за полицаецот насилник

Двете момчиња од скопски Сарај кои во средата вечера беа нападнати и претепани од полициски службеници попладнево ќе бидат повикани во полиција за да извршат препознавање на припадниците на полицискиот тим кој брутално ги претепа таа вечер и со тоа ќе биде комплетирана кривичната пријава со која ќе биде опфатен најмалку еден полициски службеник а… Продолжи со читање

telma.com.mk

Шест полицајци пред суспензија за случајот со прекумерна употреба на сила во Сарај

За случајот со прекумерна употреба на сила од страна на полициски службеници, против шест ќе биде поведена постапка за кршење на работниот ред и дисциплина и отстранување од работното место-суспензија, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи. Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР презема мерки и дејствија за настанот случен на… Продолжи со читање

telma.com.mk

 

Jumbo 2