Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(Видео) МВР ја пишува кривичната пријава за полицаецот насилник

/

Македонија

Сподели преку :

Двете момчиња од скопски Сарај кои во средата вечера беа нападнати и претепани од полициски службеници попладнево ќе бидат повикани во полиција за да извршат препознавање на припадниците на полицискиот тим кој брутално ги претепа таа вечер и со тоа ќе биде комплетирана кривичната пријава со која ќе биде опфатен најмалку еден полициски службеник а која најдоцна за 24 часа ќе биде доставена до Обвинителството, дознава Телма од извори во МВР.

На социјалните мрежи се рашири снимката од изживувањето и полициската бруталност врз двете момчиња, која што е целосно во иста насока со нивните изјави, дека откако биле извадени од возилото и врзани со лисици полицајците почнале да ги тепаат.

Неофицијално, станува збор за полициски тим од мешан етнички состав, а клучниот осомничен полицаец е Албанец, како и момчињата жртви со што се исклучува етничката припадност како мотив за употребата на физичка сила. Тие постапувале по дојава за транспорт на дрога од Тетово кон Скопје.

Од владејачката „ВРЕДИ“ соопштија дека ја делат загриженоста за употребата на прекумерна сила, очекуваат одговорност доколку се утврди вина и нагласија дека се загрижени од обидот на ДУИ ова да ги прикаже како инцидент со етничка позадина.

-Очекуваме темелна, непристрасна и транспарентна истрага, која ќе ги расветли сите околности и ќе даде јасни одговори за постапувањето на инволвираните службени лица. Истовремено, го повикуваме Јавното обвинителство, врз основа на утврдените факти и прибраните докази, да ги преземе сите неопходни мерки во рамките на своите надлежности. Особено загрижува фактот што опозицијата се обидува на еден ваков сериозен случај да му даде етничка димензија и да го искористи за поттикнување меѓуетнички тензии. Двајцата млади момчиња и нивните семејства заслужуваат вистина и правда – велат од „ВРЕДИ“.

Инцидентот односно приведувањето на двете момчиња од Сарај не беше објавено во полицискиот билтен така да не е позната локацијата и времето а според информациите на опозициската ДУИ во интерен полициски извештај било наведено дека момчиња му одзеле пиштол на полицаец додека тие тврделе дека пиштолот паднал во нивниот автомобил откако полицајците им го скршиле прозорецот.

Внатрешната контрола отвори истрага еден ден по инцидентот.

Огнен Чанчаревиќ

 

Jumbo 2